ИНДИЈА ГО УКИНУВА СПЕЦИЈАЛНИОТ СТАТУС НА КАШМИР

//

СВЕТИндија го укинува специјалниот статус на КашмирОбјавено пред 55 минути – 5 август, 2019Од Макфакс

Владата на Индија има намера да ја укине уставната одредба за специјален статус на Кашмир со цел целосно да го интегрира овој мнозински муслимански регион.

Министерот за внатрешни работи, Амит Шах, му рече на парламентот дека сојузната влада ќе го укине членот 370, кој му гарантира посебен статус на Кашмир и му дозволува свои закони, пренесува „Ројтерс“.

Кашмир, кој има мнозинско муслиманско население, веќе долго време предизвикува раздор меѓу Индија и Пакистан бидејќи и двете земји ја бараат територијата, потсетува агенцијата.



Тензиите особено ескалираа од петокот, кога локалните индиски власти во Кашмир издадоа предупредување за можен напад на екстремистичките групи со седиште во Пакистан.

Пакистан ги отфрли овие тврдења, но илјадници индиски туристи, аџии и работници го напуштија регионот во паника.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ХЕРОИ: СЕМЕЈСТВО СО БОЛНО ДЕТЕНЦЕ ОД БУГАРИЈА СОБРА ПАРИ ЗА НОВИ АПАРАТИ ЗА ДА ПОМОГНАТ И НА ДРУГИ ДЕЧИЊА

Следна статија

ЖАЛНА ВЕСТ: ПОЧИНА ХРИСТО МОДЕВ, ПОРАНЕШЕН ОДБОЈКАР НА РАБОТНИЧКИ

Најново од Вести