|

ЖАЛНА ВЕСТ: ПОЧИНА ХРИСТО МОДЕВ, ПОРАНЕШЕН ОДБОЈКАР НА РАБОТНИЧКИ

Бугарските медиуми објавија дека поранешниот одбојкар на Работнички, ЦСКА и Славија, Христо Модев починал вчера на 43-годишна возраст.

Модев беше дел од Работнички, кој пред 12 години го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако се пласираше на фајнл-фор турнирот на „Топ тим“-купот во организација на ЦЕВ.

Одбојкарот зад себе ги остави сопругата Валентина и двете ќерки, Габриела и Клементина.



Слични Објави