ИНСПЕКТОРИТЕ НА ТЕРЕН – КАЗНИ ЗА АПТЕКИТЕ ШТО ГИ ПОКАЧИЛЕ ЦЕНИТЕ НА ЗАШТИТНИТЕ СРЕДСТВА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС

//

Владата ја поздравува одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.Таа ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и да дадат придонес за спречување на ширењето на корона вирусот.

„Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата ги уверува граѓаните и јавноста дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати, и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно“, се наведува во соопштението.



Извор: Макфакс



Претходна статија

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ПРИЛЕП – ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЕДЕНО

Следна статија

ЕВРОПСКИ ФИЛМОВИ ВО КИНОТЕКА ВО МАРТ

Најново од Вести