ИНСТИТУТ ЗА ЕКОНОМИЈА И ФИНАНСИИ ПРЕДВИДУВА ДЕКА ЕПИДЕМИЈАТА ВО ИТАЛИЈА ЌЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА АПРИЛ

Институтот за економија и финансии Еинауди во Рим предвидува дека ширењето на инфекцијата со коронавирусот во Италија ќе заврши до 5 мај.

Епидемиолошкото сценарио на Институтот се заснова на алгоритам кој ги зема предвид сите значајни параметри на пандемијата, вклучувајќи го и бројот на новороденчињата, хоспитализацијата, закрепнувањето на пациентите и стапката на смртност.

Научниците очекуваат акутната пандемиска фаза да заврши до средината на април.

Во регионот Трентино, Јужен Тирол, се очекува вонредната состојба да се укине на 6 април, а ден подоцна и во регионите Базиликата, Лигурија и Умбрија.

Во регионот Лацио новите заболовуња ќе престанат до 16 април, според нивниот извештај.

Во регионите Венето и Пиемонт, каде што се некои од првите случаи на епидемијата, запирањето на ширењето на коронавирусот ќе биде објавено на 14 и 15 април, во Ломбардија на 22 април, во регионот Емилија-Ромања на 28 април, додека Тоскана ќе биде последниот регион кој во мај веќе ќе нема нови заразени.