ИНТЕР СО НОВА ПОДОБРЕНА ПОНУДА ЗА КРИСТИЈАН ЕРИКСЕН

Кристијан Ериксен на 1 јули годинава ќе биде слободен фудбалер, откако ќе му истече договорот со Тотнем, но Интер инсистира да го доведе фудбалерот уште во јануарскиот преоден рок.

Лондонскиот клуб ја одби првата понуда од „нераѕурите“ за Данецот од 10 милиони евра обештетување, па сега Италијанците ќе испратат нова подобрена понуда. Интер ќе понуди 15 милиони евра плус бонуси.

„Испративме официјална понуда до Тотнем за Кристијан Ериксен и сега чекаме“, изјави Пјеро Аузилио, спортскиот директор на Интер. „Многу клубови исто така се заинтересирани за фудбалерот, но ние сме самоуверени дека ќе добиеме еден класа фудбалер како Ериксен. Како елитен фудбалер тој го привлече вниманието на сите големи клубови во Европа. Неговиот договор истекува во јуни, ние даваме сè за да успееме да го доведеме“, додаде Аузилио.

Извор: Спорт1



Слични Објави