ИНТЕРВЈУ СО ЕВРОСКЕПТИКОТ ИВАН ПЕРНАР ОД ХРВАТСКА

/

ПОГЛЕД: Господине Пернар. Вие сте исклучително млад борец, а истовремено и контроверзен политичар во Хрватска и на Балканот. По што Иван Пернар се разликува од останатите хрватски политичари?

– По тоа што немам менталитет на слуга, бидејќи сакам слободна и суверена држава за каква сонуваа нашите претци, но за жал нашите современици уште не ја остварија.

ПОГЛЕД: Тврдите дека Хрватска нема корист од членството во ЕУ, а вработените се денеска помал број граѓани пред влезот во Европската унија. Кој е вашата позиција по однос на ова прашање, со одредени бројки и аргументи за хрватската економија пред и по пристапувањето во ЕУ.

– Од влезот во ЕУ нашата држава континуирано пропаѓа во секој смисол, губи и државјани и белегот на државноста. Претворени сме во протекторат на Брисел и лишени од можноста да можеме сами да одлучуваме за нашата судбина. Сувишно е да се разговара за нашата економија во ЕУ, тоа е како да ставите еден зајак и тигар во ист кафез, а потоа да им кажете да се борат со исти правила. Јасно е како зајакот ќе заврши (Хрватската економија и народ).

ПОГЛЕД: Во еден од вашите ФБ статуси тврдите дека медиумите во Хрватска ве бојкотираат бидејќи ја зборувате вистината за ЕУ и НАТО, а како пример го наведувате видеото кое има повеќе од 600. 000 прегледи на социјалнитемрежи , а за кое нема медиум кој во Хрватска би го објавил. Кој според Вас ги контролира овие медиуми?



– Зборовите кои ги упатив до Гинтер Отингер влегоа во историјата, тој говор до сега е прегледан повеќе од 700 илјади пати – тоа беше “вирална бомба“ во буквална смисла на зборот, меѓутоа, сите меинстрим медиуми го игнорираа тој настан, тој мој говор, за нив тоа е како да не се ни случило.

(ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВДЕ)



Претходна статија

ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ И НАКРАЈОТ СИТЕ ВО ПРОВАЛИЈА

Следна статија

А ДОНАЦИИ ЗА НАТО ЖУРКАВА ЌЕ ИМА ЛИ?!

Најново од Интервју