Исцелување на македонскиот филм

Претпразничниот, вообичаено, е период кога познатите светски, понекогаш и домашните, весници и магазини прават големи осврти, своевидни ретроспективи на одредени области од годината што изминува. Културната рубрика во нашиот весник ни минатата 2017-та не ја заокружи на овој начин затоа што овие ретроспективи не ни се баш омилена содржина. Сепак еден настан можеби на најубав начин ја обележи културата во изминатата и беше одличен почеток на новата 2018-та. Па, оттука, не треба да се пропушти неговото споменување – македонски филм со своја ТВ-премиера во Македонија и во Европа на престижниот канал Синемакс 2 и истовремено прв македонски филм достапен преку услугата „Ејч-би-о гоу“ (ХБО) на оваа светска ТВ-мрежа!
Станува збор за македонскиот филм „Исцелител“, деби на режисерот Ѓорче Ставрески, кој на новогодишната ноќ во ударен термин, од 20.30 часот, беше прикажан пред милиони гледачи од 14 европски земји… (Прочитајте го целиот напис овде)