Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска информираше дека
договорот со нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ истекува во јуни и во моментот се
работи на критериумите за новиот тендер, кој ќе биде распишан наскоро.
“Во моментот се работи на критериумите на тендерот и набрзо тој треба да биде
распишан. Нашата заложба е колку што може повеќе летови да бидат насочени кон
Охридскиот аеродром, изјави Сугарески.
Појасни и дека се планира да се направи подобрување на моделот за субвенционирање
на нискобуџетските авиокомпании.
Извор: Емагазин