ИТАЛИЈА ГО ПРОДОЛЖИ КАРАНТИНОТ ДО 3 МАЈ

/

Италијанската влада одлучи мерките за изолација, кои истекуваат на 13 април, да ги продолжи до 3 мај, јавија италијанските медиуми повикувајќи се на извори од синдикатите, додека Министерството за внатрешни работи најави позасилени полициски контроли за време на Велигден.

„СТОП до 3 мај, а потоа ќе излеземе“, е насловната страница на дневниот весник „Ла Стампа“.

„Италија затворена до 3 мај“, е насловот, пак, на водечкиот дневник „Кориере де ла Сера“.

Весникот пишува дека Италијанците на календарите со црвен маркер ќе го заокружат датумот 4 мај, ако сè биде во ред.

„Но повозрасните и ранливите категории луѓе ќе треба да се заштитат значително подолго“, предупредува весникот.

Медиумите наведуваат дека од 4 мај повторно ќе бидат отворени и продавниците кои не влегуваат во категоријата неопходни за секојдневен живот, како книжарници, а можеби и бутиците со облека за новороденчиња, како и фабрики за производство на земјоделска опрема и алат.



Последни ќе отворат, но не се знае кога, баровите, рестораните, кафулињата, училиштата, градинките, стоматолошките ординации, вежбалниците…

Извор: Макфакс



Претходна статија

ШОКАНТНО ВИДЕО: ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЊУЈОРК СЕ ПОГРЕБУВААТ ВО МАСОВНИ ГРОБНИЦИ

Следна статија

ОХРИД БАРА ОД ВЛАДАТА ДА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА ЛИЦА ОД ДРУГИ ОПШТИНИ ВО ГРАДОТ

Најново од Вести