ИТАЛИЈАНЦИТЕ БРОЈАТ ЧАСОВИ ДО УБЛАЖУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

/

Италијанците ги бројат часовите до стапувањето на сила на мерките кои барем делумно ќе ја вратат нивната слобода, по два месеца минати во целосна блокада поради пандемијата на коронавирусот.

Утре ќе се отворат парковите и игралиштата, како и патеките за пешачење, џогирање или возење велосипед, но луѓето ќе треба да одржуваат меѓусебно растојание од барем еден метар.

Италијанците и денеска се надвор, се шетаат и разговараат, повеќето со маски над носот и устата.

Здравствените експерти ги предупредуваат граѓаните да се придржуваат и кон другите мерки за лична заштита, а премиерот Џузепе Конте предупреди дека повторно ќе воведe рестриктивни мерки доколку стапката на инфекција почне да се зголемува.



Во рестораните и кафулињата ќе можат да се купат храна и пијалоци, но само за носење.

„Кафето за ноесње“ досега никогаш не било толку популарно во Италија, бидејќи пиењето на мало еспресо во кафуле таму се смета за традиција.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ИЗБОДЕНО 25-ГОДИШНО МОМЧЕ КАЈ МАВРОВКА

Следна статија

МОНСТРУМ – ОБЕСИЛ ВЕРВЕРИЧКА НА ДРВО ЗАТОА ШТО МУ ГИ ЈАДЕЛА ОРЕВИТЕ

Најново од Вести