Изложба ги претставува „Древните богатства на Бугарија“ во Стокхолм
На оградата на амбасадата на Бугарија во Стокхолм е поставена документарната изложба „Древните богатства на Бугарија“ – дел од програмата „Патувачки изложби“ на Државниот културен институт при министерот за надворешни работи на Бугарија, јавува Радио Бугарија.
Партнери на проектот на ДКИ во шведскиот главен град се Институтот за балкански студии заедно со Центарот за тракологија при Бугарската академија на науките.
На фотографиите се претставени уметнички изработени златни предмети со висока историска вредност, кои датираат од 6-5 век п.н.е.: скапоцени садови, накит, оружје и сл., а меѓу нив има и дела од златните богатства од Панаѓуриште и В’лчитр’н. Изложбата се реализира во контекст на одбележувањето на 110-та годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Бугарија и Шведска.