Изложба на Александар В. Настески во КИЦ
Во Културно-информативниот центар, утревечер (8 мај) со почеток во 20 часот ќе се отвори изложбата на слики „Ѕвезди над карпите 2“ од Александар В. Настески …
На изложбата авторот ќе се претстави со 20 дела работени во техника акрилик, создадени во периодот помеѓу 2006 и 2018 година. Изложбата ќе биде отворена до 19 мај.
Александар В. Настески (1948) завршил Педагошка академија во Скопје и Академија за применета уметност во Белград.
Досега реализирал 31 самостојна изложба во земјава и странство и учествувал на заедничките изложби на ДЛУМ и ЗЛУТ. Учествувал на меѓународи изложби во Франција, Италија, како и на неколку меѓународни симпозиуми. Оваа година е учесник на Конгресот на ИФРАО.