ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА СТРУМИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 55–тата Меѓународна струмичка ликовна колонија…

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени 29 дела, од кои 27 слики и два мозаика, од шеснаесет ликовни уметници од Бугарија, Русија, Турција, Украина, Србија, Романија, Чешка и од Македонија.

Изложбата се реализира во соработка со организаторот и координатор на Колонијата, Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица.

Слични Објави