ИЗЛОЖБА НА ГОРДАНА ВИНЧИЌ ВО КРИВА ПАЛАНКА
„Идентитет“ е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва (2 јули) од 19 часот ќе биде отворена во изложбениот простор при Центарот за култура во Крива Паланка.
Во рамки на изложбата ќе бидат претставени 25 дела масло на платно, со кои уметничката ќе се обиде да му го насочи вниманието на набљудувачот кон кризата на идентитетот со која се сочува современиот човек.
Гордана Винчиќ е родена во Скопје, а живее и твори како независен уметник во Малме, Шведска. Винчиќ досега учествувала на повеќе интернационални колонии и симпозиуми во земјава и во светот, а е организатор и на меѓународниот „АРТ СИМПОЗИУМ СКОПЈЕ-2018“.

