ИЗЛОЖБА НА ИЛИНА АРСОВА ВО ПРИЛЕП
Во ликовниот салон при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, денес во 13.30 часот ќе биде отворена изложбата „Спам“ од Илина Арсова …
Станува збор за изложба на слики и инсталации изработени од колажиран и ликовно трансформиран домашен отпад: текстил, хартија и веќе употребени и дотраеани предмети.
Малите формати се поврзани во една инсталација која може да се менува, секојпат формирајќи поинаква приказна и колоритна игра. На сликите се сретнуваат разни подлоги од искористени материјали, најчесто завршени со сликарска интевенција со боја и цртеж. „Спам“ доаѓа од отпадното сандаче на непотребни информации и пошта.
Според авторката даден му е нов ликовен лик на отпадот кој инаку го затрупува умот и домашниот простор. Со тие ситници најчесто сме емотивно поврзани и истите претставуваат интимен дел од нашето секојдневие. Овие новосоздадени дела се во контекст на досегашните ликовни истражувања на тема рециклирање и подигнување на еколошката свест кај народот преку намалување и правилно менаџирање на сопстевиот отпад во полето на дејствување на една индивидуа.
Илина Арсова е родена во Скопје 1982, дипломира на Факултет за ликовни уметностиво 2005, кога станува и член на ДЛУМ. Поборник за жаштита на животната средина, вљубеник во природата, височините и адреналинот како значајна врска со ликовното творештво.
Извор: Министерство за култура.
