ИЗЛОЖБА НА „КОЛЕКТИВ ЗЕРО“ ВО ДЕМИР ХИСАР

/

Во рамки на манифестацијата „Град на културата“ вечерва во Домот на културата во Демир Хисар, од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Зерорендум“ на „Колектив Зеро“…

Изложбата претставува надополнување на постојната колекција на фотографии „Paperworks“, на кои со сликарски интервенции им се дава нова димензија, структура и порака.



Колективот Зеро – 0, (Нулта точка до бесконечност) е група македонски уметници кои нспирирани од постмодернизмот и филозофијата на Истокот, кои зад себе оставија голем број уметнички активности. По нивната ретроспективна изложба во 2009 година во Мала станица, тие повторно се здружија во 2011 година, овојпат именувани како „Колектив Зеро“.



Претходна статија

КУЛТУРЕН ФОРУМ „ПРЕДАНИЕ И КОНТИНУИТЕТ“ ВО СТРУГА

Следна статија

ЗАЕВ-ПАЛМЕР: ПОДДРШКА ОД ВАШИНГТОН ЗА УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ ВО МАКЕДОНИЈА И ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

Најново од Истакнато