КУЛТУРЕН ФОРУМ „ПРЕДАНИЕ И КОНТИНУИТЕТ“ ВО СТРУГА

/

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од 3 до 5 август ќе се одржи вториот културен форум насловен „Предание и континуитет“ чие годинешно издание ќе биде посветено на темата „Трансхуманизам“…

Форумот ќе започне во 20 часот со концерт на маестро Јуриј Шишков од Русја, а веднаш по концертот ќе се одржи дебата на тема „Надчовекот и трансчовекот: сличности и разлики“. Втората вечер со краток воведен концерт на хармоника ќе настапат Ања Криштаљева (Руска Федерација) и Александар Коловски (Република Македонија), а потоа ќе се дебатира на тема „Технократските утопии на научната фантастика: за и против“. Последната вечер ќе започне со краток концерт на познатиот тромбонист Никола Ристевски. По завршувањето на концертниот дел ќе се одржи дебата на тема „Невробиолошка киборгизација на човекот и креативна емоционалност на вештачка интелегенција – мит или стварност?“

Тридневниот форум ќе биде збогатен со изложбите на скулптури на академскиот вајар Владимир Симоновски и на уметнички фотографии на академскиот фотограф Таиса Санџакоска.

 





Претходна статија

СОЛО КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТОТ НИКОЛАЈ ЛУГАНСКИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Следна статија

ИЗЛОЖБА НА „КОЛЕКТИВ ЗЕРО“ ВО ДЕМИР ХИСАР

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот