Изложба во ателјето на Мирослав Масин по повод на роденденот на уметноста
Асоцијацијата за култура ИКОН и уметникот Мирослав Масин вторпат со изложба ќе го обележат Роденденот на уметноста кој во светот се прославува на 17 јануари.
Во ателјето на Масин ќе биде отворена изложбата „Во слава на уметноста“ на која покрај негови ќе бидат претставени и дела на уметниците: Денис Боувен, Владимир Георгиевски, Никола Иванов – Балтон, Бернхард Холеман, Омер Калеши, Илија Аџиевски, Павле Кузманоски, Решат Амети, Петар Попчев, Татјана Манева, Новица Трајковски, Ставре Димитров – Стадим, Емил Шулајковски, Страхил Петровски, Росица Лазеска, Дејан Иванов – Маргуш и Стојан Ѓуриќ.
Ателјето на Мирослав Масин ќе биде отворено од 14 до 20 часот зашто 17 јануари е и негов роденден. За светски роденден на уметноста 17 јануари е прогласен во 1963 година од францускиот уметник Робер Фију, припадник на групата „Флуксус“. (Прочитајте го целиот напис овде)

