| |

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА БУГАРСКО ДРЖАВЈАНСТВО- ДОБИВАЊЕТО НА БУГАРСКИ ПАСОШ СТАНУВА ПОЛЕСНО

Бугарското собрание ги изгласа на второ читање долгоочекуваните измени за бугарско државјанство. Според измените граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство ќе ги поднесуваат своите документи само пред една институција Министерството за правда. Според новите измени лицето што сака да добие бугарско државјанство треба да поднесе молба и документи кои докажуваат роднинска врска со барем еден родител Бугарин, баба или дедо. Ако лицето не поседува такви документи ќе се чека одлуката на новосоздадениот Консултативен Совет на Државната агенција за Бугарите во странство. Ставот дали лицето е од бугарско потекло ќе се темели на користењето бугарски јазик и самоопределбата како Бугарин. И ако лицето одговара барем на еден од следните услови:

  • да е дел од бугарска заедница или бугарско малцинство во друга држава
  • потекнува од населено место коешто било дел од бугарската држава или што било дел од досегот на бугарската Егзархија
  • има родители, мајка , татко, баби, дедовци со традиционални бугарски фамилијарни презимиња

Рокот за донесување Указ од страна на министерот за правда се намалува на 9 месеци. Од бугарската партија ВМРО тврдат дека со тие измени се реализираат долгогодишните напори на партијата за укинување на административните препреки пред луѓето со бугарско потекло кои живеат во други држави да можат да станат бугарски државјани и да ја чувствуваат грижата и поддршката на Р. Бугарија. Во поддршка за новите измени се јавија пратениците од ВМРО, Красимир Богданов и Јулиан Ангелов.
Еве делови од нивните излагања.

Слични Објави