ЈА САКАШ ЛИ ТИ НЕА ПРИЈАТЕЛЕ?!

//

Ја сакаш ли ти неа пријателе? Колку ја сакаш? Од тука до Марс со една нога пешки нели… Ги сакаш ли нејзините очи пријателе? Колку многу ги сакаш? Колку најдлабоката точка во океанот нели… Ја сакаш ли нејзината насмевка пријателе? Колку многу ја сакаш? Колку сите знајни и незнајни ѕвезди на широкото небо… Го сакаш ли нејзиниот глас пријателе? А нејзините раце? Коса? Кожа… Колку ги сакаш бе пријателе?! Колку многу ги сакаш што дозволуваш егото и суетата да те победат?! Зошто бе пријателе… Биди фраер пред целиот свет само не пред самиот себе! Не се убивај свесно пријателе… Не ја убивај… Животот е многу краток за игри пријателче мое. Можеби денес е последниот ден… Можеби нема да има утре за извини, прости ми и те сакам најмила! Па што има јас да ти кажувам што да правиш… Која сум јас… Или можеби сум таа што те чека пријателе… Доволна е само една прегратка и шепот „сè ќе биде во ред“… Верувај во себе за да можам и јас да ти верувам тебе… Еве ако е толку тешко јас ќе ти кажам… СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД ПРИЈАТЕЛЕ!

Автор: Плетенка





Претходна статија

ПРОДАВНИЦА НА ЖЕЛБИ

Следна статија

ПРОПАГАНДАТА ПРОТИВ ЕУ И НАТО Е ДЕЛО НА МАЛА КРИМИНАЛНА ГРУПА

Најново од Истакнато