| |

КАКО УДБАШКОТО КРИЛО ВО СДСМ ГО РУШИ ЗОРАН ЗАЕВ И ОДРАБОТУВА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ДА НЕ УСПЕЕ

По обзнанените информации за доделени грантови, во вид на финанскиска помош, кај луѓе блиски до владејачката партија, и обзнанувањето на Хари Локвенец и Цветанка Ласкова како еден од неколкутемината кои се офајдија од добродушноста на својата партија, јавноста жестоко реагира поради сличниот приод во задоволување на свето партиско членство како од едно не така дамнешно време. Ние не сме исти, а исти сме.

Она што јавноста не го има сеуште разбрано околу целта на доделените грантови на овие луѓе, е дека станува збор за помош на оние партиски структури во СДСМ кои треба да го водат PR от околу Референдумот. Хари Локвенец има своја печатница која треба да изработи рекламен материјал, а случајот со Цветанка и нејзината снајка е во тоа што синот на Цветанка, Горан Кан, ги добива овие пари како награда за изработка на музички спотови и песни поврзани околу Референдумот.

Она што јавноста со право прашува, е дали се овие луѓе единствените во државата кои можат да го изработат ова? Каде е транспарентноста во иновациите да се докажат и други потенцијални кандидати, или приказната како и со Министерот за Здравство Венко Филипче е дека нема други за таа работа? Со низата вакви настани како и прошашената прослава за добивање покана за НАТО, рејтингот на ударната тупаница која треба да биде локомотива за успешен референдум е силно оштетена. Во меѓувреме Есад Рахиќ и Гордон Георгиев од позадина ја бараат оставката на Зоран Заев. Колку во сите овие игри има има државничка мотивација Реферемндумот да успее, или се се работи исклучиво за пари, оставаме на самата јавност да оцени!



Слични Објави