Јанева: Истрагата за финансиски криминал проширена во повеќе земји
Во пресрет на презентацијата на проектот „Заедно за одговорност: Поддршка на СЈО во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка“, обвинителката Катица Јанева, рече дека тие истражуваат криминал во повеќе европски земји, јавува ТВ Нова.
„Се надевам дека ќе откриеме каде се одлеани парите и дали се во Македонија“, рече Јанева, посочувајќи дека истражуваат финансиски криминал во Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија.
Јанева дополни и дека СЈО веќе подолго време презема активности за проектот „Скопје 2014“.
„Не би сакала да прејудицирам, но се надевам дека наскоро ќе излеземе со јавнообвинителска одлука“, рече првата жена на ова обвинителство.

