„Јас ти постилам“- модерен поглед врз популарна фолклорна песна од пиринскиот крај
Продуцентот Атанас Зајков- Atazar и дуетот Бисера и Лидија ни го претставуваат убавиот бугарски фолклор, облечен во звукот на современието, јавува БНР.
Песната „Јас ти постилам“ го носи духот на типичниот Deep house стил, но звуците на виолата стигнуваат до најприкриените места во нашето срце, местата одредени за несподелената љубов.
Избраните делови од пиринската народна песна „Јас ти постилам“ ја цртаат длабоката емоција на жената што вистински сака.
Потпирајќи се на фолклорниот текст Atazar не води на патување со карактеристичен звук, украсено со лиричниот двоглас на пејачките Бисера и Лидија.
