|

Јавна расправа за рестартирање на Музичката продукција на МРТ

Во Клубот на пратениците денес со почеток во 12 часот ќе биде одржана првата јавна расправа за рестартирање и ревитализација на Музичката продукција на Македонската радио-телевизија…

На дебатата ќе учествуваат министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, посебниот советник за култура на премиерот Зоран Заев, Цветанка Ласкова, како и автори и стручњаци од оваа област кои се предлагачи на моделот за рестартирање на Музичката продукција на МРТ.
На расправата се поканети голем број автори и музички продуценти, претставници од музичките здруженија, од МРТ, од Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги, Министерството за информатичко општетство и администрација, од Комисијата за култура при Собранието на РМ и други релевантни чинители и засегнати страни.

 

Слични Објави