Јотова изрази сочувство до народот на Венецуела по разорните земјотреси
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова изрази најдлабоко сочувство и искрена солидарност со народот на Венецуела за загубата на човечки животи и огромните разурнувања предизвикани од разорните земјотреси, соопштија од прес-центарот на претседателската институција.
„Бугарија е солидарна со народот на Венецуела во овој тежок момент. Бугарскиот народ сочувствува со семејствата на загинатите, повредените и сите кои очекуваат вести за своите блиски. Изразуваме признателност до спасувачките екипи, медицинските работници и волонтерите, кои со посветеност вложуваат напори за спасување човечки животи“, посочува претседателката.
Таа посака сила, храброст и брзо закрепнување на сите погодени од катастрофата.

