| |

Јотова со убедлива предност во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, според паралелното пребројување

Илијана Јотова и Кирил В’лчев имаат убедлива предност пред Андреј Ѓуров и Георги Кандев во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат податоците од паралелното пребројување на агенциите за истражување на јавното мислење, пренесува БГНЕС.

Според „Маркет линкс“, при целосно завршено паралелно пребројување, Јотова добива 57,4 отсто од гласовите, а Ѓуров 39,6 отсто. Агенцијата ја проценува излезноста на 29,1 отсто.

Податоците на „Алфа рисрч“, исто така при целосно завршено паралелно пребројување, покажуваат поддршка од 57,1 отсто за Јотова и 39,3 отсто за Ѓуров.

„Тренд“ бележи 58,1 отсто за двојката Јотова–В’лчев и 38,9 отсто за Ѓуров–Кандев, што претставува разлика од 19,2 процентни поени. Според „Мјара“, Јотова добива 58,1 отсто, а Ѓуров 38,6 отсто, односно разликата изнесува 19,5 процентни поени. Двете агенции ги објавуваат овие податоци врз основа на целосно завршено паралелно пребројување.

Според „Галуп“, при завршени 75 отсто од паралелното пребројување, двојката Јотова–В’лчев добива 56,1 отсто, наспроти 39,9 отсто за Ѓуров–Кандев, односно има предност од 16,2 процентни поени.

Слични Објави