| |

К. СИНАДИНОВСКА: РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ УСПЕЕ, ПРОЦЕСОТ ЌЕ ТЕЧЕ, НЕМАМ ТУКА НИКАКВА ДИЛЕМА… 

На полноќ требало да замолкнеме…
Завршува кампањата.
Референдумот ќе успее, процесот ќе тече, немам тука никаква дилема…
Сепак, ќе остане горчината што најважната, најголемата победа на македонскиот народ, интеграцијата со Европа и со светот, оваа успешна битка за неговото признавање на светска сцена, освојувањето на целите на коишто оваа држава потроши се’ што имаше како ресурс (во време и во човечки потенцијал) од 1991 до денес, успеавме да ја извалкаме и понижиме, наместо свечено да се обединиме, па така издигнати и пораснати да оставиме настрана интереси, бои, игри и суети…

Месециве на невидена хистерија, диригирана врева, крајно ирационални стравови и ставови, свесно газење преку контекст и консталации, сеење на лаги и манипулации, неуморна потрага по “доказ” дека светот пак не’ зафркнал, болката што сме успеале, маката што испаднало дури и подобро од што нашата инфериорност можела воопшто да замисли, оваа необјаснива паника дека завршува една агонија, елементарното отсуство на самодоверба пред новите времиња…сето ова ќе треба да го истражуваат социолози и останати експерти, да објаснат до каде е ова производ на политички гнасотилак, а од каде почнуваат менталитетните одредници.

Ќе мора, оти тука во овој пресек, тука некаде се содржани сите или главните елементи што ја држат оваа земја со децении надвор од системот на вредности на векот во којшто живееме, на дното, без победи, без државен дигнитет. Осрамена, ограбена и под упорна пропаганда (нема поголема лага) дека имала сила сама да се исправи на нозе.
Веќе на први октомври ќе треба со овие елементи да се работи. Имајте предвид и дека веќе нема да има изговори… Казнивост и образование. Паралелно. И ќе видите како се’ се може!

Луѓе… па едвај чекам .

Facebook статус на новинарката Катарина Синадиновска

Слични Објави