| |

Кајчев: Резолуцијата изгласана во македонското собрание ги покажува претензиите на Скопје врз целата географска област Македонија

„Усвојувањето на таква декларација наспроти годишнината од Илинденско-Преображенското востание, што е возбудлив настан за сите нас, не е знак за оптимизам. Оваа резолуција е манифест на македонизмот. Зборува со кодни зборови, кои уште еднаш ги покажуваат претензиите на Скопје врз целата историско-географска област Македонија“, изјави во програмата „Сабота 150“на Бугарското национално радио, историчарот и дипломат доц. д-р Наум Кајчев, заменик -претседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.

Доц. Наум Кајчев посочи дека усвоениот текст во Скопје не придонесува за европската перспектива на PC Mакедонија.

Според него, иницијативата „Отворен Балкан“ на Албанија, РС Македонија и Србија, се гледа со зголемено внимание и двосмисленост од ЕУ и од земјите во регионот.



Слични Објави