КАКО БИ ТРЕБАЛО ДА ЗАВРШИ ЉУБОВТА

Во љубовта треба да се случуваат и разделби,
Случајно,
Неочекувано,
На некој мост,
Во голем пуст град,
После дожд,
Одлучивме да заминеме еден од друг,
Да не се мразиме,
Кога ќе се сретнеме,
Збунето да кажеме дека не ни оди,
И дека ни е мило што сме се сретнале,
Невидливо да не гризне за срце,
Тоа што и двајцата сме продолжиле понатаму,
Дека ми е мило што ни пронашол љубов,
И да ме прашаш дали се грижи за мене,
Да молчиме,
И во исто време да кажеме,
„Изгледаш прексрасно“,
И тогаш ќе се сетиме дека брзаме некаде,
Да се завртиш и завртам,
Неколку секунди после тебе,
Затоа што таквите разделби никогаш не ги упропастуваат чувствата,
Но за нив,
Треба да имате храброст и срце.