Капка Касабова со книжевно читање во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје
Во кафе-книжарницата „Буква“ синоќа се одржа книжевно читање и средба со познатата бугарска авторка Капка Касабова во присуство на претставници од Българскиот културно-информативен центар во Скопје, како и бројни љубители на пишаниот збор, јавува БКИЦ-Скопје.
На средбата со читателите, писателката Капка Касабова сподели дека вистинската нејзина среќа доаѓа од тоа што книгите секогаш ги наоѓаат своите луѓе.
Акцентот на вечерта беше ставен на нејзините дела „Граница“, кое раскажува човечки приказни од „последната граница на Европа“, и „Кон езерото“ – поетично патување кон Охрид и Преспа, испреплетено со нејзината лична семејна историја.
Престојот на Касабова во Северна Македонија е поврзан и со нејзиното учество како член на жирито на фестивалот на документарен филм „Македокс“.

