| |

Каракачанов со реакција на реакцијата на МНР: Научете ја нашата заедничка историја и прекинете да ги заплашувате Бугарите да не гласаат во Македонија

Лидерот на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов преку долг статус на социјалната мрежа Facebook реагираше на Декларацијата на МНР на РС Македонија во која коалицијата „Бугарските патриоти“ е обвинета за територијални претензии, поради кадар со Охридското езеро во нивен предизборен спот.
„Научете ја нашата заедничка историја и прекинете да им се заканувате на Бугарите да не гласаат во Македонија“. Каракачанов тврди дека располага со информации за одржани разговори со луѓе со бугарска самосвест во Македонија кои биле предупредувани да не излегуваат на изборите на 11 јули.

„Разбрав дека Министерството на надворешни работи во РС Македонија се вознемирило од предизборниот спот на „Бугарските патриоти“, бидејќи во него виделе територијални претензии заради кадар со Охрид, позади кој стојат зборовите „За паметта и бугарштината““, пишува Каракачанов и додава „Ние ја чуваме бугарштината, бидејќи во Охрид и насекаде низ Македонија има наши браќа и сестри, чесни и достојни луѓе кои и покрај репресиите гордо се нарекуваат Бугари“.



Слични Објави