|

Киев цел на напад со дрон пред самитот на НАТО

Русија изврши ноќен напад со беспилотни летала врз Киев, соопштија утрово украинските власти во пресрет на почетокот на самитот на НАТО во Литванија, на кој тема ќе биде поддршката за Украина.

„Непријателот го нападна Киев од воздух по втор пат овој месец“, соопшти украинската војска, додавајќи дека нападот предизвикал мала штета.

Акцијата ја изведоа беспилотни летала Шахед од иранско производство кои тргнаа од југ, веројатно од областа Краснодар во Русија.

Украинската армија соопшти дека авионите се уништени, а украинското МВР соопшти дека остатоците од беспилотните летала се пронајдени во областа на Киев.

„Оштетени се прозорците и некои помошни објекти“, додаваат од министерството.

Турција вчера се согласи за членството на Шведска во НАТО, дозволувајќи и на Алијансата да покаже единство на почетокот на самитот во Вилнус фокусиран на поддршката на Украина, речиси 18 месеци по почетокот на руската офанзива.

 

Слични Објави