Киселова: Ние го заслуживме нашето место во ЕУ со крвта на нашите предци
Априлското востание е пример дека слободата не ни е подарок и дека бугарските револуционери дале она што можеа – својот живот.
Цената на слободата е секогаш висока. Тоа значи храброст, разум, значи правда, во одредени случаи и здрав ’рбет и секогаш со мисла за општото добро, изјави претседателката на Народното собрание Наталија Киселова во Копривштица, јавува БГНЕС.
Априлското востание е пример дека слободата не ни е подарок и дека бугарските револуционери дале она што можеа – својот живот, го поставија на олтарот на татковината и мислам дека им должиме почит, восхит и да бидеме нивни достојни наследници, додаде Киселова.
Бугарија е членка на ЕУ, но во ЕУ секоја нација мала или голема, има свое место и мислам дека уште во 1876 година го заслуживме своето место со крвта на нашите предци, додаде Киселова.
