ЌЕ СЕ РАКУВААТ ЛИ ЗАЕВ И ЦИПРАС?

Вести Истакнато Македонија

Денешниот ден е многу важен за спорот за името, најави вчера министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Денеска тој треба да се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕијас и медијаторот за спорот на ОН, Метју Нимиц во Сунио.
“Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај.
Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама
мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре“, изјави вчера Димитров. Неговиот колега Коѕијас пак пред денешната средба изјави дека кога ќе има има договор и
правна ратификација на истиот, тогаш ќе се отвори патот кон ЕУ.
“Мислам дека од моментот кога ќе се договориме и ќе постои правна ратификација на договорот, патот за да се отворат преговори со Европската унија е отворен.
Утре во 10.30 ќе имаме нов круг преговори, доаѓа и Нимиц. Претходните преговори се одржаа во Солун, без негово присуство. Мислам дека ако и двете страни длабоко од срце сакаме да завршиме со проблемот што не би требало да е нерешен. Како што велам со Никола, како министри повикани сме да решиме проблем што не го создадовме“, изјави вчера Коѕијас.
Главните разлики се во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и за опсегот на употреба на името што би било договорено.

Извор: Емагазин