|

Ќе се вратиме и ќе превезуваме патници ако ни го исплатат долгот: Приватните превозници и` нудат компромис на Арсовска

Како приватни превозници, подготвени сме веднаш да се вратиме на улица и да превезуваме патници доколку надлежните ни го исплатат долгот кој го имаат кон нас или да ни исплатат барем дел од долгот. Ова го изјави Ленин Јовановски првиот човек на „Слобода превоз“ кој објасни и дека ваквата одлука од страна на превозниците била донесена денеска и истата има за цел да се најде решение за целиот хаос кој настана со автобускиот превоз во Скопје.

– Приватните превозници се спремни да почнат со возење тогаш кога ќе им биде исплатен целиот или барем дел од долгот за да се надмине оваа ситуација. Приватните превозници извршуваат јавна дејност и затоа е потребно да се исплатат средствата. Еве прилика да се вратат превозниците на улица се до реализацијата на новиот Јавен оглас кој ќе се распише од Град Скопје. А кога ќе се реализира Јавниот оглас, избраните превозници нека продолжат со извршување на превозот на патници – вели Јовановски.

Тој истакна дека денешниот протест со 200 автобуси е уште еден обид да се сврти вниманието на јавноста кон нив и проблемите со кои се соочуваат но и да им покажат на скопјани и на градоначалничката Данела Арсовска дека бројот на автобуси кои ги поседуваат е околу 200.

Доколку како што рече и овој нивен обид да се изнајде компромисно решение биде одбиено, во понеделник и официјално тие ќе ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка, кај Црвениот крст и на Илинденска.

Извор: Слободен печат



Слични Објави