|

Коцевски: Дали за профит на некој од власта народот чека во редици на минусни температури за вадење пасоши

Власта не го решава проблемот со пасошите. Граѓаните сè уште на минусни температури во редици чекаат за поднесување барање или подигање на личните документи од пунктовите на МВР, изјави на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцевски.

„За добивање на каков било личен документ, потребно е да се јавите и да добиете термин преку кол-центарот на МВР. Доколку успеете да ги добиете на телефон, ќе ви закажат термин најрано во наредните 5 месеци отсега за редовна, а за итна постапка нешто порано. Кога граѓаните ќе дојдат на ред и ќе отидат на пунктот, тие веќе пред себе гледаат редица, но и луѓе, кои без да се списокот поминуваат преку ред. Ова е можно затоа што власта на одредени лица преку раководниот кадар во МВР поставен од Спасовски со ургенции им овозможува да го прескокнат редот, но и да се фотографираат за лични документи, без притоа да се на списокот на закажани, а ставањето на списокот се прави на самото место, по ургенциите на раководниот кадар во МВР.

По поднесувањето на барањето, податоците се праќаат на Одделот за информатика, каде што пристигнуваат 3 пати повеќе барања отколку што може да се обработат, а хаосот настанува токму од лицата што со ургенција се ставени на списокот, а не се дел од претходно закажаните преку кол-центарот.

Овој застој на дневно ниво прави притисок како за производство на лични документи така и за нивното издавање.

Со сето ова се зголемува и ризикот од дефект на машините за правење на личните документи, кои се набавени пред 15 години, а знаеме дека Спасовски во изминатите 7 години нема набавено ниту една“, рече Коцевски.

Партијата прашува дали раководните лица во МВР на Спасовски за ова имаат тарифа, која се движи од 20 до 50 евра. Дали за нечиј бизнис граѓаните во ред во нечовечки услови на минусни температури треба да чекаат со часови за да се фотографираат или да подигнат личен документ.

ВМРО-ДПМНЕ предлага пристап во салата со базни станици за земање биометриски податоци да имаат само лицата со закажан термин. Редот да го регулира полициски службеник, реактивирање на СМС-известувањето дека личниот документ е готов и нивна дистрибуција до точно определен шалтер за негово издавање, дисперзија на готовите лични документи во полициските станици, од каде што територијално припаѓа граѓанинот, итна набавка на доволна количина обрасци за издавање лични документи или кривична одговорност за помошник-министерот за општи и заеднички работи бидејќи во меѓувреме свесно реализирал и завршил повеќегодишни јавни набавки за други потреби во МВР, но не и за оваа клучна услуга, која имсе нуди на граѓаните. Понатаму, повторно активирање на дисплеите за тоа кое лице на која базна станица и во колку часот е следно за фотографирање за личен документ.

Санкционирање на сите раководители и службеници што ќе го компромитираат процесот на издавање лични документи (пуштање преку ред, издавање готови документи надвор од постапка, намерно затајување на системот за набавка на обрасци, намерно забавување на информатичкиот систем за производство на лични документи).

Слични Објави