КОГА АКО НЕ СЕГА, КОЈ АКО НЕ НИЕ? БОРБАТА НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА МАТУРАНТИ!

/

Бестрашно, храбро и гласно – така грми новата генерација матуранти. Јасни во намерите, со дефинирани ставови, со борбен, нескротлив младешки дух во време невреме и пркосат на реалноста во која живеат.

Ме восхитува нивната решителност, нивната сплотеност и желбата колку убедливо сакаат да успеат во намерата.

Токму тие млади, нескротливи, бунтовни паметници се наши деца! Овие млади луѓе кои штотуку зачекориле во светот на возрасните со едвај наполнети осумнаесет години се наши деца!

Нашите деца се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина.

Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Светот останува на децата и претставува предизвик да ги научиме да ги спознаат вистинските вредности во животот и да им дадеме сила да истраат и да успеат во овој свет.

Младите се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени. Младите се промотор на новите вредности на секое општество, а најдобар синоним за младиот човек е слободата. Тие мора да бидат слободни, мотивирани и да ја почувствуваат грижата од државата.

За да имаат желба и мотив за напредок, да се стремат да ги остваруваат своите животни цели, на младите треба да им се понуди можност за компромис и решенија, да им се остави простор и можност да имаат своја улога и да влијаат врз општествените текови.



Младите се нашата иднина! Затоа државата секогаш треба во својот фокус да ги става потребите на младиот човек затоа што останува во рацете на младите.

Младите се моторот на едно демократско, модерно и прогресивно општество. Тие се столбот врз кој се гради иднината и токму инвестирањето во нив како човечки капитал ја прават државата одржлива и социо-економски развојна. Затоа им е потребна нашта поддршка и нашето разбирање. И кога ако не сега, кој ако не ние? Неопходно е да застанеме рамо до рамо во борбата на новата генерација матуранти. За моето, за твоето, за вашите и нашите деца. За децата на Македонија!

Автор: м-р Десанка Николова



Претходна статија

ЗА ВРЕМЕТО КОЕ ТЕЧЕ И ЗА ВРЕМЕТО КОЕ НЕ ПОМИНУВА

Следна статија

КОГА КРЧМАРОТ ЌЕ СИ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО (5)

Најново од Ваш став

Во „име“ на народот

Facebook статус на Никица Корубин “Народот” е најприсутен во јавниот говор, деновиве. Сите се повикуваат на

Живот во мит

Fb статус на Никица Корубин Што подразбираме кога ќе кажеме Македонија и Македонски е прашањето со