КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ СЕ НАЈГОЛЕМИ РАСИПНИЦИ

Овен 
Не трошиконзумира

Овенот не е расипник, туку голем уживател. Работи како вол, се забавува како полудено магаре и троши… Троши за своја душа. За луѓето од овој хороскопски знак се што е скромно и умерено не е доволно. Додека другите знаат што е мерка, овенот ја смета таа филозофија за навредлива. Овенот го добива тоа што ќе го посака без разлика на потребното време или цената што треба да ја плати.

Бик
Не остануваат без пари

Ако не знаете како со парите, тогаш треба да одите на предавање кај некој ваш пријател што е Бик во хороскоп. Биковите се пример за луѓе кои знаат како да работат со пари. Луѓето од овој хороскопски знак имаат челични принципи за трошење и штедење. Трошат водејќи се од интуицијата, а штедат според моменталното расположение. Биковите секогаш имаат пари во себе и точно знаат колку пари имаат во секоја една банкарска сметка.

loading...

Близнаци
Живеат за слободата

За Близнаците парите немаат вредност сами за себе. Тие са важни, ако можат да им осигураат едно единствено нешто, а имено, да им обезбедат слобода и бескрајни патувања. Трошат најмногу на авионски карти, карти за концерти, театарски претстави, книги, уметнички дела и се што барем за миг им го привлекло вниманието. Но тоа не значи дека Близнаците се расипници, тие знаат да заштедат пари за сите важни за нив самите работи.

Рак 
Расипник под прикритие

Ракот важи за хороскопски знак, чии претставници знаат да штедат или да купат одредено нешто што подоцна ќе им се исплати. Тие трошат најчесто за нешта кои се потребни за фамилијарната идила… но понекогаш во нив се раѓа и расипнички демон. Тие можат без никаков проблем да купат скап сервис чинии и чаши иако немаат потреба од него, да си дозволат скапи обетки или нова кола, иако тоа е нивната последна заштеда.

Лав
Троши за да му дава на светот блесок

Лавовите живеат за да му даваат блесок и на најскромното место за живеење. Лавовите трошат најмногу на својот надворешен изглед. Нив не можете да ги видите да се шетаат недотерани или без направена фризура. Лавовите се сметаат себе си за ламборџини во светот на автомобилите и секоја сума на пари потрошена за нивниот изглед тие ја сметаат за нормална. Ако имаме скала за расипништво од 1 до 10, Лавовите е 11-ка!

Девица
Не сакаат евтина роба

Девиците не се од хороскопските знаци што сакаат да трошат многу пари, но кога ќе им дојде меракот, тие никогаш не купуваат евтини работи. Тие секогаш знаат колку пари имаат во себе и колку можат да потрошат. Омилено им е да трошат за самите себе и секако за најблиските. Сметаат дека бесмисленото трошење на пари е огромен грев.

Вага
Очите им се ненаситни

loading...


Вагите се тие кои колку што повеќе трошат, толку повеќе им се троши. Купуваат се што ќе им се допадне, но најчудното од се е фактот што и покрај тоа, секогаш имаат пари во себе. За нив велат дека имаат ненаситни очи.

Шкопија
Знаат да штедат

Шкорпијата секогаш игра на сигурно. Дури и да немаат доволно големи примања Шкорпиите секогаш имаат некакви пари настрана. Секогаш се претставува за победен отколку што е. Шкорпиите знаат да бидат аскетични и не се лакомат за храна или пиалоци. Можат да преживуваат само со неопходниот минимум.

Стрелец
Трошат само за „најпотребното“…

Стрелците трошат пари на глупости, затоа што во некаков момент разбрале дека не можат да живеат ни ден ако немаат например: реплика од самурајски меч, некакви непотребни гаџети или пак пакетчиња гумени бонбони. Стрелците се хедонисти и големи расипници. Одат во продавница за едно нешто, но купуваат 100 други сосема поинакви производи.

Јарец
Секогаш купуваат квалитет

Јарците работат многу и за нив е важно да бидат финансиски обезбедени. Купуваат само квалитетни производи и секогаш на попуст. Сметаат дека не е нормално човек да не може да заштеди. Трошат со прстот на глава.

Водолија
Царевите на паметното трошење пари

Водолиите сакаат да штедат, за да имаат пари кога ќе бидат во нужда. Никогаш не го купуваат првото нешто што ќе им се појави пред очите. Секое нешто што ќе го купат мора да им врши работа. Знаат да бидат дарежливи само кон луѓе за кои со сигурност знаат дека немаат во моментот.

Риби
Секогаш имаат пари за своите хирови


Рибите знаат како да печалат пари. Тие едноставно имаат интуиција за тоа. Без поголеми напори успеваат да го добијат тоа што го посакуваат и секогаш имаат пари за да бидат бохеми. Едноставно им успева. Како се случува тоа, еден Господ знае…