Кој денеска ја претставува идејата на ВМРО и комитите од минатото?

//

Од осамостојувањето на Македонија до ден денеска, многу луѓе испрофитираа користејќи ги идеите на историското ВМРО. Ја покрија својата ништожност со големината на Организацијата. Но, не сите сме растени во стаклено ѕвоно и имаме колку толку активен мозок во главите и го користиме без да се „бањаме“ во илузии и наметнати митови и легенди. Кои се политичките субјекти, што си земаат за право да се китат со перјата на револуционерите, војводите и комитите?

Од едната страна тоа се ВМРО-ДПМНЕ на чие чело е Мицкоски и бандата околу него. Позади грбот на Мицкоски сѐ уште ѕирка Никола Груевски. Истиот тој Груевски дозволи обичните членови на партијата, кои во својот поголем дел се чесни луге, да станат жртви на пропагандата на србендата Латас. Никој не се сомнева дека тие луѓе ја сакаат Македонија, но на нивен грб 11 години определена група неранимајковци однесоа милијарди евра. И не само тоа, ја србизираа Македонија на културен план, а на историјата ни го закачија лудилото наречено антички македонизам, кое го измислија болните мозоци на Каравангелис и Новаковиќ. Оние против кои со пушка во раце се бореа нашите дедовци, некој ни ги протна во секојдневието.

Од другата страна е ВМРО-НП на чие чело е средно богат бизнисмен кој нема ниту еден ден работен стаж надвор од политиката, а успеал да се збогати, и докажаната банда околу него. Едниот излезен од затвор за криминал, за крадење пари и никако да си ја скине папочната врвка со бандата од ДПМНЕ, а другиот, цариникот, иначе голем „патриот и ВМРО-вец” избеган во Србија. Кое лудило само. Ги уништивте светите букви на Организацијата. Не донесовте до тоа ВМРО да е синоним за бандитизам, а добро знаете како биле казнувани оние кои краделе од касата на Организацијата или пак пљачкосувале и краделе од населението.

За споредба само ќе ви спомнам дека Тодор Александров живеел четнички живот. Секој лев потрошен го запишувал за што и како е потрошен. Неговото семејство живеело скромно и не располагало со станови, куќи, дуќани и слично. А неговиот наследник Иван Михајлов доживеал длабока старост во Италија со издршка од МПО од САД која изнесувала 1000 долари. Зад себе го оставиле само своето дело за слободата на Македонија, а не сметки по банки, фирми и капитали кои се бројат во милијарди. Затоа денес се легендарни имиња за ВМРО и Македонија признати од цел свет. За идните генерации ВМРО-ци ќе е скоро невозможно да го исчистат името на Организацијата. Освен што иделошки ни ги наполнивте главите со омраза и лаги за нашето минато, ја извалкавте и идејата за политиката и учеството на ВМРО во неа. За жал, така ќе бидете запишани во историјата.

„Реформаторите“ и другите разни фракционери подобро и да не ги спомнувам. Единаесет години се хранеа и богатеа од раката на Груевски, за да се разбудат во еден момент како големи борци за човекови права, слободи и демократија. Нивната битка заврши, кога им предложија „удобна кожна фотеља“ во така омразната од нив „Бела шампита“ во среде центарот на Скопје. Мал дел од нив и денеска пискаат гласно, бидејќи фотељите завршија и сега мораат да стојат простум и да држат пресконференции.



Копуци низаедни поканете ме во тоа „шампитата“ да ви оддржам лекција што е тоа ВМРО (и дали се јаде). Додека вие ја крадевте државата јас од скромниот мој студентски буџет одделував пари за да одам по софијските архиви, да го истражувам и да го зачувам историското минато на ВМРО. Затоа денеска ви се обраќам како БУГАРИНОТ на вас андартските неранимајковци и четнички послушници, со зборовите: Да беа Тодор и Ванчо живи, немаше да можам да ви ги изметам и соберам главите покрај Вардар, а не да полемизирам со вас, што е тоа ВМРО.

PS: На втората ракија сите сме Бугари, ама кога излегуваме дотерани пред јавноста, тие „дефетистички“ нагони ги криеме како страшна тајна од лудите млади години. Тоа однесување е далеку од ВМРОвско, ама нема како поинаку кожата е скапа и секој си ја чува, како што ќе најде за правилно

Автор: ТОЈ БУГАРИНОТ

Редакцијата на порталот „Трибуна“ се оградува од изнесените ставови на авторот. Текстот е слободен за преземање. Засегнатите страни имаат право на одговор. Ви стоиме на располагање.

Претходна статија

СДК: Орце Камчев назначен за почесен конзул на Бугарија во Македонија

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособното раководство на АД ЕЛЕМ не го искористи водниот потенцијал на Глобочица и Шпиље со што сега се изгубени над половина милион евра

Најново од Ваш став