КОЛЕВ: ДРЖАВАТА ПОМАГА НА ФИРМИТЕ НА АНЃУШЕВ ДОДЕКА МАЛИОТ И СРЕДНИОТ БИЗНИС ЕДВАЈ СОБИРААТ ДУША

Како партија се залагаме за пропорционална распределба на државната помош за работниците и средната класа. Тоа практично ќе значи оние со приходи до 15.000 денари да можат да искористат 100% од помошта, тие што имаат до 20.000 – 80% од помошта, тие што имаат до 30. 000 – 50%. Се надевам дека во идните активности за поткрепа на населението ќе се разгледа некој сличен модел. Но не сум согласен државата да помага фирми како „Брако“ на Анѓушев или некоја кладилница, додека малиот и средниот бизнис едвај собира душа поради кризатавели Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократската Унија во интервју за „Стандард“.

Во однос на актуелната криза со коронавирусот, Колев смета дека системот потфрлил во моментот кога техничката влада почнала да носи политички одлуки за да ги одоброволат гласачите за изборите.

-Министерот на ВМРО – ДПМНЕ јавно соопшти дека нема да казнува. А во чиј интерес? Сигурно не е на граѓаните, кои за жал се колатерална загуба на таков пазар, посочува Колев.

За најавеното вето од Бугарија на патот кон евроинтеграциите, првиотчовек на ГДУ се надева дека тоа нема да се случи, иако точно е дека со новата Методологија секоја од земјите членки на ЕУ во секој момент може да побараат некакви промени од Македонија, условувајќи нѐ со вето.

На прашањето за кампањата на ДУИ за прв Албанец премиер на државава, Колев вели дека досега ДУИ се покажале како неконструктивен партнер кога е на власт и сега повторно ја палат етничката карта.

-Мислам дека на сите им е јасно што сакаат да постигнат, вели Колев.

(Целото интервју на Петар Колев прочитајте го на www.standard.mk)