По повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки вечер во Клубот на пратениците организира свечен прием, јавува Плусинфо.
Владата на Република Северна Македонија отвори дискусија за Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан пред 18 години на денешен ден и се констатира дека оваа Влада ги затвори правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор и како трајна придобивка за граѓаните денеска продолжуваме да градиме едно општество за сите, соопшти по седницата владината прес-служба.