| |

КОМАНДИРОТ АСПАРУХ ЈА ФРЛИ БОМБАТА, ДУШКО ГО УБИ ПЕТРЕТА

Како започна прилепската акција? Командирот на партизаните се вика Аспарух Јосифоски. Душко го уби внукот на Даме Груев.

– Нападот на полициската станица за своја задача го имале: Аспарух Јосифоски кој бил командир на акцијата, Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

– За затворот биле задолжени: Никола Попоски командир на акцијата, Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душан Ристески.

– За оштетување на телефонската мрежа акцијата им припаднала на : Мице Димески командир на акцијата, Крсте Црвенкоски, Коле Чашуле, Киро Ќосески и Киро Базеркоски.

Секоја од групите имала своја стратегија на дејствување. Во онаа задолжена за Участакот акцијата требало да ја започне Душко Наумоски, кој требало да стрела во стражарот пред Участакот со што би дал знак на другите групи да се вклучат во нападот. Душко најпрво се доближил до стражарот кој го запрел и го прашал за врмето на часовникот.

Останатите се посомневале дека Душко се поколебал, но тој се вратил и го застрелал. Потоа Аспарух Јосифофски активирал бомба и ја фрлил пред вратата на Участакот, а останатите Блаже, Диме и Миле со пушки стрелале кон прозорците, не давајќи им да се појават полицајците.

Групата за затворот го чекала истрелот од револверот на Душко. Штом градскиот саат отчукал 10 часот, тие веднаш јурнале на затворот. Меѓутоа, стражата од кај Участакот од пукотниците веќе била на готовс. Групата била пречекана со оган. Пецо Крстески и Никола Попоски фрлиле по една бомба, па се повлекле заедно со целата група без жртви.

Групата одредена за оштетување на телефонската мрежа на градот слегла кон Варошко маало, но не по ист пат каде што поминале и другите. Успеале да ги спојат електричните со телефонските жици и со тоа да ги онеспособат, па се повлекле без престрелка. Сите три групи се повлекле без загуби.

Овој подвиг на првите борци од Прилеп можеби не е некој триумфален подвиг, но со сигурност претставува успех кој го означил продолжувањето на револуционерните борби на македонскиот народ, почетокот на организираното востание сега против нов окупатор како и доследноста на граѓаните на Прилеп кон борбата за македонска кауза и слобода.

На 11 октомври 1941 година, пред полицискиот Участак во Прилеп, Душан Наумовски, злобно од зад грб го убива Петар Колев од с.Смилево, роднина на Даме Груев и татко на 3 деца. Колев, кој неодамна е мобилизиран, не се сомнева во ништо, бидејќи тој го познава својот убиец кој е пријател на неговиот татко. Ова е почеток на таканаречениот антифашистички отпор против бугарскиот „окупатор“, кој денес е национален празник на Република Македонија.

Наумовски е од србоманска фамилија која се преселила во Србија,па се вратила во Плетвар под српска окупација. Како што кажавме убиениот чувар е од с.Смилево, Битолско, не од границите на истата Бугарија. Антибугарските чувства продолжуваат да се промовираат и денес во Скопје. Споменатиот Душко е осуден од бугарскиот суд. Тој лежи во ќелија со насилникот Лазар Колишевски, (исто така помилуван од Цар Борис), со кого се спријателил. Се прашувате колку милостив беше овој „фашистички“ суд !!!

Душан Наумовски беше осуден по 1945 година за кражба накит и заради неговото криминално минато, неговото име останува непознато во комунистичка Југославија и не му беа доделени партизански почести и ниту е прогласен за народен херој. Ова е она што ќе го прослават денес во Скопје – убиството на еден од роднините на Даме Груев од еден деликвент осудуван за кражби.

Автор: Тој Бугаринот



Слични Објави