Комесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер во посета на Бугарија
Eвропскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, денеска ќе престојува во посета на Бугарија. Во Софија тој ќе се сретне со премиерот Росен Желјазков и министерот за внатрешни работи Даниел Митов, јавува БГНЕС. На разговорите ќе бидат разгледани прашања поврзани со Пактот за миграција и азил, управувањето со миграцијата, интеграцијата на Бугарија во Шенген-зоната и управувањето со надворешните граници.
Подоцна истиот ден, комесарот Брунер, министерот Митов и заменик-министерот за миграција и азил на Грција, Севи Волудаки, ќе го посетат граничниот премин Кулата – Промахон. Таму ќе дадат изјави за медиумите, а потоа заедно ќе преминат на грчка територија, симболично одбележувајќи го слободното движење без гранични проверки во рамки на Шенген-зоната.

