| |

КОМОРАТА НА ПСИХОЛОЗИ ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО АВТОБУСОТ, НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА И СПАСУВАЧИТЕ

Психолозите членови на Комората на психолози ќе отворат психолошки советувалишта во Гостивар и во Скопје, со цел да им обезбедат бесплатна помош на настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето.
Помошта ја обезбедија Комората на психолози во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.



Слични Објави