| |

КОНЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА АЗМАНОВ ДОНИРАЛ ВО МЗТ СКОПЈЕ САМО ЗА ДА МУ СЕ ДОДВОРИ


Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, како коментар на вчерашната изјава на бизнисменот Зоран Азманов, дека во времето на Ивица Коневски инвеститорите морале да донираат средства на кошаркарскот клуб МЗТ, ако сакале да градат во Аеродром, изјави дека Азманов навистина донирал за клубот, но дека тоа го правел со цел да се спријатели со градоначалникот. Коневски негира дека барал средства од инвеститори, како услов за да добијат градежна дозвола. Поранешниот градоначалник истакнува дека се случувало бизнисмени да донираат средства за МЗТ, но не е запознат со износот на донациите.

Слични Објави