КОНТЕЈНЕРИТЕ ПРЕПОЛНИ, ОД МИОА ВЕЛАТ ДЕКА НЕ СЕ НАДЛЕЖНИ ЗА ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ЈП „КОМУНАЛЕЦ“

/

Министерството за информатичко општество и администрација не е надлежно да издава дозволи во услови на ограничено движење на вработените во ЈП „Комуналец“, соопштија од министерствотo по реакции од јавноста дека контејнерите во повеќе скопски општини денеска биле преполни и дека и околу нив имало отпад.

Од таму демантираат дека вината зошто ЈП „Комуналец“ не се погрижило за хигиената во градот Скопје за време на викендов што помина, а во текот на кој целосно беше забрането движење, е кај нив.

„Го повикуваме раководството да постапи по насоките од Кризниот штаб на Владата на Република Македонија, каде јасно е наведено дека претпријатија од профилот на ЈП ‘Комуналец’ работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192“, велат од МИОА.

Од таму велат дека оваа информација јасно е наведена во соопштението објавено од МИОА, каде што стои дека во категоријата дозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат: вработени во агенции за обезбедување и чуварски служби, вработени во сервисни компании (ЕВН, телекомуникациски и кабелски оператори, јавни и комунални претпријатија).



„Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена“, велат од Министерството.

Извор: Макфакс



Претходна статија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА, ДВАЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВСКО

Следна статија

(ВИДЕО) ЗОШТО ОВИЕ ЛУЃЕ ПЛАЌААТ ДАНОЦИ, КОГА МОРААТ САМИ ДА СИ ГО САНИРААТ ПАТОТ?

Најново од Вести