СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА, ДВАЈЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВСКО
Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 13:30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол. Повредени се уште три лица од кои една жена потешко и е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, пренесува Фокус.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда“ со скопски таблички и „опел астра“ со тетовски таблички.
Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда“ се полесно повредени. Во опел астрата потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.
Во тек е увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител.