КОРОНАВИРУСОТ КОСИ ВО БРИТАНСКИТЕ ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА
Вкупно 6.391 смртен случај, поврзан со новиот коронавирус, е потврден во домовите за стари и изнемоштени лица од 10 април до 1 мај, од кои 2.044 се регистрирани во послената недела од минатиот месец, покажуваат податоците кои се однесуваат само за Англија соопшти Заводот за национална статистика на Велика Британија.
„Бројот на починати во земјата на дневна основа полека се намалува, што охрабрува вели Ник Стрип, аналитичар од Заводот за статистика, додавајќи дека болниците бележат околу 75 отсто повеќе починати од вообичаеното за овој период од годината.


