|

КОРОНАВИРУСОТ КОСИ ВО СРБИЈА-НОВИ 424 ЗАБОЛЕНИ И 5 ПОЧИНАТИ ЛИЦА

Во Србија во изминативе 24 часа тестирани се 2646 лица, од кои досега се евидентирни најмногу позитивни случаи, 424 лица, од кои само во Геронтолошиот центар во Ниш, позитивни на вирусот се 140 штитеници и 4 вработeни.

Во изминатите 24 часа регистрирани се и пет нови смртни случаи, три мажи и две жени, на просечна возраст од 76 години, со што вкупниот број на починати изнесува 85 лица, со смртност во однос на заразените од 2,09 отсто.

Со тоа вкупниот број на заразени во Србија изнесува 4054 лица, изјави на владината прес конференција на кризниот штаб, покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ.

Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 20.958 лица.



Слични Објави