|

Ковачевски на одбележување 40 години РЕК „Битола“ и со теренски активности на Плетвар и во Кавадарци

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати на свеченост по повод јубилејот 40 години РЕК „Битола“, што ќе се одржи во Народниот театар – Битола.

Владината прес-служба соопшти дека на настанот ќе се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК „Битола“, Пеце Матевски.

Претседателот на Владата Ковачевски, придружен од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, потоа ќе направи увид на градежни работи на делницата Фариш – Прилеп, по превојот Плетвар.

Теренската агенда на премиерот ќе продолжи во Кавадарци каде попладне ќе ги посети млекарницата „Млечен пат“ и семејната винарија „Јаковлевски“.



Слични Објави